Куќата на Лука Дончиќ во Далас била ограбена, а сега е познат и полицискиот извештај.
За среќа, словенечкиот репрезентативец и неговото семејство во моментот на кражбата не биле дома, а бил украден накит вреден 30.000 долари.
„Полицијата во Далас добила пријава дека непознато лице во периодот од 17 до 21 часот го скршило прозорецот од бањата од куќата на Дончиќ и одзело накит. Двајца полицајци запознаени со делото ја потврдиле кражбата. Криминалистичката екипа е алармирана. Приватно обезбедување го надгледувало домот на Дончиќ. Не е јасно дали осомничениот е само едно лице или неколку“, се наведува во извештајот објавен од „Dallas Morning News“.
Дончиќ на Божиќ на мечот против Минесота се здоби со повреда, поради која ќе отсуствува најмалку еден месец од НБА теренот.