Денеска во просториите на ФФМ беа извлечени двојките за полуфиналето од Купот на Македонија.

Актуелниот освојувач и бранител на трофејот, Пелистер ќе излезе против Академија Пандев, додека во вториот полуфинален меч за место во финалето ќе спорат Шкендија и Ренова.

Во првите средби домаќини ќе бидат Пелистер и Шкендија.

Финалето во македонскиот куп оваа година се игра на 9 мај.

Двојки за полуфиналето во Купот на Македонија се следни:

ФК Шкендија – ФК Ренова
ФК Пелистер – ФК Академија Пандев

Термини за одигрување на натпреварите:

14.03.2018., среда, 14.00 | прв натпревар
11.04.2018., среда, 16.00 | реванш натпревар. вз

Слични содржини