283
По одигрувањето на последните три четвртфинални натпревари од турнирот во Лига купот во Англија, беше извлечена ждрепката за следната фаза.
До неа стигнаа екипите на Арсенал, Ливерпул, Челси и Тотенхем.
Осумкратниот победник на дербито Ливерпул, кој победи по пенали со експерименталниот тим Лестер, ќе се соочи со Арсенал.
Во другата полуфинална двојка ќе гледаме лондонско дерби помеѓу Челси и Тотенхем.
Натпреварите ќе се играат во две кола со разменети гостувања, првото во неделата што започнува на 3 јануари, а второто по 10 истиот месец.