Познати сите детали за смртта на Марадона: Неговото срце било двојно поголемо

од Nikola Popovski
333 прегледи

Резултатите од обдукцијата по смртта на Диего Марадона покажаа дека во телото на славниот Аргентинец не се пронајдени траги од алкохол или дрога.

Скоро еден месец откако Ел Пибе замина на 25 ноември, пристигнаа наодите од обдукцијата и целосните токсиколошки анализи.

Така, сега се официјално познати сите детали за смртта на еден од најголемите фудбалери во историјата, кој почина на 61 година, неколку дена по операција на мозокот.

Како што беше објавено, Марадона не конзумирал дрога или алкохол пред смртта, бидејќи не биле пронајдени траги во неговата крв. Сепак, утврдено е дека славниот Аргентинец бил на антидепресиви и лекови.

Кај лековите, утврдено е дека тие предизвикуваат аритмија, така што лекарите против кои е покрената постапка поради смртта може да бидат кривично одговорни, пред сè Леополдо Лука, кој го оперирал неколку дена пред неговата смрт.

Во исто време, обдукциските наоди и токсиколошките анализи покажаа дека срцето на Марадона е двојно поголемо и тежи 507 грама, односно двојно поголема тежина од просечната.

Слични содржини