Заврши второто полуфинале на Евровизија во Малме. Останатите места во финалето ги зазедоа претставниците на Летонија, Австрија, Холандија, Норвешка, Израел, Грција, Естонија, Швајцарија, Грузија и Ерменија.
Останатите натпреварувачи од Албанија, Чешка, Сан Марино, Белгија, Малта и Данска останаа без пласман во финалето.
Второто полуфинале од Евровизија во Малме го затвори групата „Herreys“ која на Шведска ѝ ја донесе втората победа на ова музичко натпреварување пред 40 години.
Во ревијалниот дел од програмата настапи минатогодишниот фински претставник Каарија, а публиката во еден глас со него ја пееше песната „Cha Cha Cha“. Победничката на Евровизија во 2003 година, Сертаб Еренер од Турција ја отпеа песната „Everyway That I Can“, а Хелена Папаризу ја изведе легендарната победничка песна од 2005 година „My Number One“.