Светот се бори со пандемија, а во голем број земји е прогласена вонредна состојба. Ситуацијата не е лесна, бидејќи секој ден дознаваме за нови бројки на новозаболени од ковид-19, но и за оние кои ја изгубија битката.
Многу јавни личности изразија поддршка за заболените низ светот. Некои од нив и самите се позитивни на коронавирусот. Актерот Џош Гад не е позитивен, но целата ситуација со вирусот и лесното ширење на заразата го потресе и тој не можеше веќе да ги задржи емоциите.
„Мислев дека е најдобро да се повлечам и да се исплачам, но знаете што? Важно е сите да знаеме како се чувствуваме, низ што минуваме. Тешко е. Емотивен сум затоа што ми е тешко да гледам што им скративме на нашите деца. Емотивен сум за сите прекрасни луѓе кои сега работат. Знам дека е борба, но морав да ви кажам дека ве мислам и сакам“, изјави актерот кој во Frozen 2 го позајмува гласот на Олаф.
It’s okay to cry. pic.twitter.com/JTuBCFc4SA
— Josh Gad (@joshgad) March 19, 2020