277
Турскиот актер Бурак Озчивит, најпознат по улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“ и неговата сопруга Фахрије Евген го очекуваат своето второ дете.
Иако многу се пишуваше за наводните кризи во нивниот брак, тие сега демантираат се и ја објавија најсреќната вест.
Фахрије на Инстаграм објави фотографија во тесен бел фустан, а во преден план е нејзиниот труднички стомак.
„Наскоро ќе се запознаеме“, напиша таа во описот на фотографиите на кои е во поодмината бременост.
Двајцата успешно ја криеја веста дека наскоро ќе добијат уште едно дете, но сега решија својата среќа да ја споделат со јавноста.