Познатиот дизајнер подарува венчаници за невестите кои морале да ја одложат венчавката

420 прегледи

Брендон Максвел, дизајнерот заслужен за спектакуларниот изглед на Леди Гага на минатогодишната Мет Гала, одлучи да направи една одлична работа за невестите кои својот голем ден морале да го одложат поради пандемијата.

Како што пишува InStyle, Максвел ќе додели дури три венчаници преку својот Инстаграм профил на оние кои ќе му ја пратат најдобрата приказна во видео, сликвито или преку пишан облик како и детали за венчавката.

https://www.instagram.com/p/B-FQnrmj2J8/?utm_source=ig_embed

Неговите колеги Џиџи Бурис Милинери и Ева Фехрен на истите невести ќе им подарат вел и прстени.

Инаку, покрај ова, тимот на Максвел им помага и на медицинскиот персонал, така што прави маски и ракавици.

Слични содржини