Познатиот двоен агент Џорџ Блејк почина во Москва

од Stefanija Kuzmanovska
465 прегледи

Познатиот британски двоен агент Џорџ Блејк, кој шпионирал за советскиот КГБ во текот на 50-тите години на минатиот век пред да побегне на исток, почина на 99-годишна возраст, пренесоа руските новински агенции

„Легендарниот разузнавачки агент Џорџ Блејк почина денес. Тој искрено ја сакаше нашата земја, се восхитуваше на подвизите на нашиот народ за време на Втората светска војна“, изјави за ТАСС портпаролот на Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) Сергеј Иванов, пренесува АФП.

Последниот преживеан од познатата генерација британски двојни агенти, кој живее во Русија уште од времето на Советскиот Сојуз, во интервју за руската телевизија во 2017 година изрази надеж дека распадот на СССР и падот на комунистичкото владеење е само „етапа на долгиот пат кон вистинскиот социјализам“.

Како затвореник во Северна Кореја за време на Корејската војна, Блејк самиот им ги понудил своите услуги на Советите откако го видел американското бомбардирање на цивили.

Тој му ги открил на КГБ имиња на стотици западни разузнавачки агенти и открил постоење на таен тунел во источен Берлин што се користел за шпионирање на Советите.

Блејк беше разоткриен од полски двоен агент, а во 1961 година беше осуден на 42 години затвор во Велика Британија. Пет години подоцна, тој избегал со помош на скала од јаже.

Потоа преминал во Источна Германија и продолжил на исток, кон Москва, каде го дочекале како херој.

Слични содржини