Пристигна уште еден престолонаследник. Ѕвездите на „Игра на тронови“, Кит Харингтон и Роуз Лесли добија второ дете.
„Воодушевени се што го пречекаа своето девојче“, ексклузивно потврди медиумскиот претставник на актерот за американскиот „Page Six“.
Лесли и Харингтон ја започнаа својата љубовна врска во 2011 година на снимањето на хит серијата „Игра на тронови“ во продукција на HBO.
Оваа позната двојка својата долгогодишна врска ја круниса со свршувачка во 2017 година, а во јуни следната година ќе застанат пред олтарот.
Тие отсекогаш се труделе да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста, а веста за доаѓањето на нивното прво дете стигна во септември 2020 година, односно една година откако Харингтон се пријави во клиника за рехабилитација за стрес и алкохол.
Се уште не го открија името на своето момче во јавноста, а сега нивното машко бебе доби сестра. Веста за доаѓањето на второто дете Харингтон ја сподели за време на гостувањето во ток-шоуто на Џими Фалон.