„Сфатив дека мојот живот зависи од ова“: Кит Харингтон отворено за борбата со алкохолизмот

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Кит Харингтон се прослави со улогата на Џон Сноу во серијата „Игра на тронови“.

Тогаш ги освои срцата на многу девојки ширум светот, а на снимањето на серијата ја запозна и љубовта на својот живот – актерката Роуз Лесли, која ја глумеше Игрит. Денеска двајцата се во брак и имаат две деца.

Сепак, она што малкумина го знаат е дека Кит имал проблеми со алкохолот, поради што завршил на рехабилитација во 2019 година, а како што самиот признал, таму дознал и дека има ADHD, состојба која се карактеризира со хиперактивност и нарушување на вниманието.

„Сфатив дека мојот живот зависи од ова. За среќа, тоа беше вистинското место во вистинско време. Оттаму можев да создадам нов живот“, открил тој во подкастот The Hidden 20%, пренесува „Дејли Меил“.

Како што рекол, лошото расположение му го донело прекарот Принц на темнината, а тој бил во такво расположение уште од тинејџерските денови.

„Кога тоа ќе се случеше, можев да ја срушам целата соба. Дури и малку ми се допаѓаше, но морав да сфатам дека се случува и да излезам од ситуацијата која го предизвикала“, искрено изјави Харингтон.

На снимањето на „Игра на тронови“ само му се зголемиле психичките проблеми, а тој вели дека фановите на оваа серија уште повеќе му отежнале со некои свои постапки.

„Луѓето би ме третирале како ликот. Но, никогаш во животот не сум се чувствувал така. И тоа доведе до некои психолошки лузни“, заклучил актерот.

Слични содржини