Познато е со кого Зеленски доаѓа во Истанбул

од Nikola Popovski
351 прегледи

Светот одбројува до денешната средба во Истанбул каде што треба да почнат преговорите за крај на војната во Украина. Шефот на украинската држава, Владимир Зеленски, ќе отпатува во Турција со делегација на преговори со руската страна.

Во делегацијата ќе бидат началникот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, министерот за надворешни работи, Андриј Сибига, министерот за одбрана, Рустам Умеров и дипломатскиот советник на Зеленски, Игор Жовква, објави украинското радио „НВ“.

Претходно, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека темата на евентуалниот состанок во Истанбул за Украина ќе биде прашањето како да се обезбеди сигурно и одржливо решение за конфликтот.

ЕУ одобри нов пакет санкции за Русија, со кои се ограничува „нафтената флота во сенка“, додека Европа се заканува со натамошни казни ако Москва не се согласи на примирје во Украина. Не сакаме да почнеме трета светска војна, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, останува оптимист за утрешната средба. Најави дека американскиот државен секретар Марко Рубио, заедно со Виткоф и Келог ќе присуствуваат на разговорите кои според него би можеле да донесат добри резултати. Ова ќе бидат први директни преговори меѓу Русија и Украина од 2022-та, иницирани од Владимир Путин како одговор на зголемените западни барања Русија да се согласи на 30-дневен прекин на огнот како чекор кон потајниот мир.Познато е со кого Зеленски доаѓа во Истанбул.

Слични содржини