Познато каде Коман ја продолжува кариерата

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Баерн и Кингсли Коман поминаа низ многу нешта во последните месеци. Напнатиот однос беше во еден момент пред пукање, сепак, се чини дека недоразбирањата се надминати, а како што пишува угледниот „Л’Екип“, францускиот репрезентативец во наредните денови ќе ја продолжи соработката со германскиот шампион.

Актуелниот договор (важи до јуни 2023 година) ќе биде продолжен до летото 2027 година, а крилниот напаѓач ќе добие статус на трет најплатен играч на клубот од „Алијанц Арената“. Според непотврдени информации неговата годишна плата ќе изнесува 17.000.000 евра. Да потсетиме, се работи за неоданочена сума, бидејќи така Германците потпишуваат договори.

На овој начин Коман ќе влезе во редовите на „заслужните граѓани“ на Баварците како Роберт Левандовски и Мануел Нојер. Полјакот заработува 20.000.000 евра – бруто, а голманот меѓу 15.000.000 и 20.000.000 (во зависност од бонусот), а се верува дека 25-годишниот Парижанец ќе застане покрај нив. Сумата од 17.000.000 евра се толкува како точка каде се „нашле“ челниците на клубот и агентот на Коман – Пини Захави, кој првично побара 20.000.000 евра за својот клиент.

Слични содржини