Познато како ќе изгледа тројната задна камера на LG V40 ThinQ

од Vlatko K
101 прегледи

LG се подготвува за премиерата на својот следен смартфон од висока класа. Новиот модел ќе се вика LG V40 ThinQ и ќе биде официјално претставен на специјален настан кој ќе се одржи на 3-ти октомври. Уредот значително ќе ја заостри конкуренцијата во мобилната индустрија во последниот квартал и ќе понуди многу подобрувања во однос на минатогодишниот модел. Компанијата сега објави неколку фотографии на интернет, кои ни ја тројната задна камера на LG V40 ThinQ.

Сликите откриваат дека леќите се наоѓаат хоризонтално над Home копчето, во кое веројатно ќе биде внесен сензорот за отпечатоци. Сè уште не ја знаеме резолуцијата на трите камери. Новиот паметен телефон ќе има 6.4-инчен дисплеј и димензии слични на оние на LG V30, информира Droid-Life. Корејскиот производител се очекува да го продава уредот во три бои на пазарот: Platinum Gray, Carmine Red и Moroccan Blue.

Во предниот дел веројатно ќе има двојна камера за селфи и HD видео повици. LG V40 ThinQ ќе работи под Android 9.0 Pie и ќе има звучници од Boombox со Quad DAC. Батеријата ќе има капацитет од 3300mAh, а вградената меморија е 64GB или 128GB. Во паметниот телефон ќе се користи процесорот Qualcomm Snapdragon 845, кој е дополнет со 6GB RAM меморија. Наскоро ќе дознаеме по која цена ќе се продава во Европа.