Познато како ќе продолжи потрагата по Данка

од Симе Стоиков
808 прегледи

Откако полицијата утврди дека исчезнатото девојче Данка Илиќ не е пронајдено на 10-те квадратни километри што се пребаруваа во текот на вчерашниот ден и денеска во градот Бањско Поље кај Бор, потрагата по девојчето ќе продолжи оперативно.

Како што јави известувачот на Танјуг од терен, полицијата утврдила дека таа не е на тој простор и се уште продолжува со оперативната работа, односно се преминува на оперативна потрага.

Како што дознава Танјуг, таткото се уште не направил полиграф, додека мобилниот телефон на мајката е земен на вештачење.

„Така се прави кога се работи за вакви случаи, мора да се истражат сите нивни контакти, дали можеби во сето ова се вмешани некои трети лица, за кои родителите не знаеле. Или не биле свесни воопшто за туѓи планovi, па истрагата ќе продолжи така натаму. Секако дека ќе работат на тоа додека не се открие каде исчезнала девојката и дали воопшто исчезнала, дали била киднапирана и што се случило со неа“, пренесува репортерот на Танјуг од теренот.

Таткото и мајката на исчезнатата Данка Илиќ (2) се во полицијата во Бор, каде одговараат на низа прашања кои им се потребни на инспекторите за што поскоро да откријат каде исчезна детето.

Слични содржини