Познато како Путин реагирал на налогот за негово апсење

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, одлуката на Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин ја нарече „отворено непријателски потег“, нагласувајќи дека Кремљ е „мирен и истата не ја зема при срце“.

„Гледаме премногу отворено непријателски потези против нашата земја и нашиот претседател. Се разбира, следиме сè, но ако ги земеме при срце, ништо добро нема да се случи. Затоа се однесуваме кон ова со мир, внимателно следиме сè и продолжуваме со нашата работа. Најважно е претседателот да продолжи со својата работа“, рече Песков на прашањето како Путин реагираше на одлуката на Меѓународниот кривичен суд.

Да потсетиме, во петокот Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на претседателот на Русија, поради наводни воени злосторства.

Слични содржини