Познато кога ќе се одиграат одложените натпревари во Италија

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Одложените средби на 27-та рунда од италијанската Серија А, поради трагичната смрт на капитенот на Фиорентина, Давид Астори, ќе се играат на 3 и 4 април.

Само датумот за дербито меѓу Милан и Интер останува отворен поради зафатениот распоред на „Росонерите“ кои играат во Лигата на Европа и се квалификуваа за финалето во Купот на Италија против Јувентус.

Многу е веројатно дека судирот меѓу Аталанта и Сампдорија ќе се одигра на 14-ти март, бидејќи тимот од Бергамо има уште еден одложен натпревар со Јувентус.

Слични содржини