Познато кога ќе започне новата сезона во НБА лигата

од Vladimir Zorba

Новата сезона на најсилното кошаркарско натпреварување во светот – НБА лигата, може да започне веќе во декември.

Ова го откри новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, кој е добро запознаен со настаните во НБА-лигата, додека претходно комесарот на лигата, Адам Силвер, на крајот на сезоната изјави дека сè уште не е познат датумот кога ќе започне сезоната 2020/21.

Според неговите навестувања, тоа може да се случи во јануари 2021 година, но инсајдерските информации на Војнаровски наведуваат дека тоа може да се случи веќе во декември.

Сепак, поради тековната пандемија на коронавирус, постои реална можност за нова промена. Челниците на лигата се надеваа дека публиката ќе се врати во салите, но засега дефинитивно нема да има ништо од тоа.

Споменатата тема ќе се дискутира на 25 декември, додека 30 октомври ќе биде „Ден Д“, по што конечно ќе се знае точниот датум на новата сезона во НБА лигата, во кој Лос Анџелес Лејкерс ќе го бранат прстенот.

Слични содржини