Познато кога ќе се расправа за интерпелацијата на Јовески

од Nikola Popovski
309 прегледи

На првата нова пленарна седница ќе биде ставена на дневен ред интерпелацијата за јавниот обвинител Љубомир Јовески поднесена од пратениците на Беса, Демократско движење и Алтернатива.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери информираат дека одговорот на Јовески пристигнал до законодавниот дом во рокот даден во Деловникот односно вчера попладне по пошта, така што тој денеска се дистрибуира до пратениците, а интерпелацијата ќе се најде на дневен ред на првата наредна нова седница.

Јавниот обвинител, како што наведуваат, ја примил интерпелацијата на 18 септември Треба да се достави одговор во рок од 15 дена од денот на приемот, односно до 2 октомври.

Пратениците од опозициските партии на Албанците кои ја поднесоа интерпелацијата денеска на прес-конференција обвинија дека претседателот на Собранието Талат Џафери не ја ставил во предвидениот рок точката за интерпелација на Јовески.

Слични содржини