Познато кога Македонија ќе го добие првиот дел од средствата од европскиот План за раст

од Nikola Popovski
44 прегледи

Владата ги ратификуваше двата неопходни договори и ја чека исплатата на првата транша од средствата од Европскиот план за раст, која требаше да биде достапна од почетокот на оваа година. Првите редовни исплати се очекуваат меѓу вториот и третиот квартал на 2025 година, соопштиле од Европската комисија за РСЕ.

На почетокот на април, Македонија би можела да ја добие првата исплата од Европскиот план за раст во износ од 52,5 милиони евра, додаваат оттаму.

Тоа значи дека Владата ќе има достапни средства од европскиот пакет во државниот буџет за нешто повеќе од еден месец откако Владата и Собранието ги усвоија двата неопходни договори од Планот за раст, кои веќе се испратени до Европската комисија во Брисел и се чека на потпис.

Планот за раст, договорен од Европскиот парламент и Советот на Европската унија во мај 2024 година, а одобрен во октомври истата година, има вкупна вредност од шест милијарди евра и вклучува инвестиции и реформи во земјите од Западен Балкан, како дел од реформската агенда 2024-2027 година. година.

За Македонија се планирани вкупно 750 милиони евра, доколку Владата успешно ги спроведе домашните реформи што им ги вети на европските институции.

Европската комисија за РСЕ изјавила дека во моментов постојат пет амбициозни реформски агенди од пет балкански земји, вклучително и онаа за Македонија. Очекуваат што поскоро да се финализира исплатата, откако ќе завршат процедурите во Брисел.

Слични содржини