40
Откако тренерот на Наполи, Антонио Конте призна дека ѕвездата Хвича Кварацхелија побарал да го напушти клубот, стана јасно кој тим го примамува таму да ја продолжи кариерата. Се работи за францускиот шампион ПСЖ.
Според новинарот Фабрицио Романо, двата клуба се во контакт и намерата на парижаните е трансферот да го направат оваа зима.
Според Романо, Французите се подготвени да платат 80 милиони евра за крилниот напаѓач. Подготвени се во зделката да го вклучат и дефанзивецот Милан Шкриниар.
Според новинарот, ПСЖ го искушува Грузиецот со 4 пати поголема плата од онаа што ја добива во Неапол. Значи наместо 1,5 по сезона ќе добива 6 милиони евра.