Познато колку ќе заработува Алвеш во Барса: Не е за верување за колку пари се согласил!

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Бразилецот Дани Алвеш е првото засилување на новиот тренер Чави Ернандез во Барселона. Легендарниот десен бек по неколку години се врати на Камп Ноу, а колку го сака овој клуб покажува и гестот кој го направи.

Имено, со оглед на тоа што касата на Барселона е речиси целосно празна и управата веќе немаше простор за маневрирање, откако на Роналд Куман мораше да му го плати целиот договор од 12 милиони евра, како и да обезбеди 3,9 милиони евра за новиот тренер Чави.

Финансиите на Барса беа целосно потрошени, но на крајот беше постигнат договор неговата годишна плата да биде 155.000 евра, колку што е минималната плата за клуб како Барселона.

Точно, Дани Алвеш има 38 години, но има мотив да игра на Светското првенство во Катар, па парите не му биле приоритет, туку сака да остане во форма играјќи за Барса и да заслужи покана од селекторот Тите за следното Светско првенство.

Интересно е и тоа што Дани Алвеш на промоцијата дојде елегантно облечен, но и во апостолки, што ја направи неговата промоција особено бизарна.

Во еден момент ги соблече апостолките и бос зачекори на тревата на „Камп Ноу“.

Слични содржини