Целиот свет зборува за сцената кога легендарниот Мајк Тајсон му удира шамар на Џејк Пол, но вистинското прашање е зошто го направи тоа?
Веќе подолго време се зборува за тепачка помеѓу култниот боксер и Јутјуберот Џејк Пол. И двајцата во јавноста покажуваат голем анимозитет еден кон друг.
Тоа можеше јасно да се види на вчерашното мерење, односно нивната последна средба пред борбата.
Како што се појавија наводите во јавноста, Пол со цел провокација му згазнал на ногата на Тајсон, на што тој експлозивно реагираше и му удри шлаканица на Јутјуберот.
Seems like the reason Mike Tyson slapped Jake Paul is because he stepped on his foot
🎥 @MostVpromotions #Boxing #PaulTysonpic.twitter.com/so9AQdL4V8
— Championship Rounds (@ChampRDS) November 15, 2024
Имаше бројни реакции од навивачите за тоа што се случи меѓу двајцата.
Оние кои го поддржуваат Тајсон го окарактеризираа чинот на Пол како непочитување кон постариот и легендарен боксер.