Партијата на пензионери го поздравува донесувањето на Законот за работно ангажирање на пензионери, особено што Партијата, како што велат, преку својот пратеник Илија Николовски, досега двапати во Парламентот предлагаше донесување на сличен Закон, но за жал не беше прифатен од претходниот Парламент.
Токму затоа овој чин го гледаме како револуционерен. Но, во исто време Партијата на пензионери има забелешки за недостатоците на овој Закон, како што се:
– ПП не гледа потреба од ограничување на Законот, од причина што сите способни пензионери би сакале да работат подолг период од законски предвидениот. Правото на работа е уставно загарантирано и не треба да влијае на пензијата која е економска категорија и законски загарантирана.
– Овој закон треба да важи за сите даватели на услуги, а не само за одредени области, освен во државната администрација,
– Со проширување на дејностите без ограничување на 15 денови во месецот ќе се овозможи поголемо ангажирање на пензионерите и намалување на социјалните разлики.
„Токму затоа Партијата на пензионери ја охрабрува Владата и Собранието што е можно побрзо донесат измени и дополнувања на споменатиот Закон со што ќе придонесат за намалување на работата на црно и сивата економија, а истовремено ќе придонесат за за поголем прилив на финансиски средства во пензискиот фонд.
Во таа насока Партијата на пензионери предлага да се искористат позитивните искуства од регионот и ЕУ со прилагодување на овој Закон со соодветните модели“, стои во партиското соопштение.
Невработени, студенти, ученици, пензионери од годинава можат да работат без да ги загубат веќе стекнатите привилегии. Стапи во сила новиот Закон за ангажирање сезонски работници. Работодавачите добиваат плус кадар, оние кои сакаат дополнителни приходи – можност да заработат. Државата, пак, се надева на намалување на сивата економија и зголемување на вработеноста.