Прага одговари на руската „црна листа“: „Чекор понатаму во ескалацијата на односите“

од Vladimir Zorba

Одлуката на Русија да ја стави Чешка на списокот на „непријателски“ земји заедно со САД претставува чекор понатаму во ескалацијата во односите.

Покрај списокот на „непријателски“ земји, чекор напред е ограничувањето на бројот на локални жители кои можат да бидат вработени во амбасадата на Чешка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Прага.

„На овој потег на Русија гледаме како на нов чекор кон понатамошна ескалација во односите не само со Чешка, туку и со целата Европска унија и нејзините сојузници“, се вели во соопштението, цитирано од Ројтерс.

Руската влада денес официјално ги стави Чешка и САД на списокот на „непријателски земји“ и објави дека ќе бидат преземени мерки против тие земји, што значеше дека американската амбасада во Москва повеќе нема да може да вработува локални жители, додека бројот на вработени локални работници во амбасадите во Чешка е ограничен на 19.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец потпиша закон со кој се ограничува бројот на локални жители кои работат во странски дипломатски мисии и други служби и и нареди на владата да состави список на „непријателски“ земји за кои ќе се применуваат мерките.

Слични содржини