Прајс: САД поддржуваат преговори со С Македонија и Албанија за влез во ЕУ, без одложување

од Берта Китинска
193 прегледи

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс, објави дека САД поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, без одложување.

-Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во Владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти, напиша Прајс на Твитер.