Практични трикови против болка во стапала кога носите штикли

од desk4
551 прегледи

Кога пробуваме нови чевли во продавница ни изгледа дека не се толку неудобни, но вистинскиот хорор се случува после првите неколку минути активно носење.

Постојат многу трикови за „разносување“ на новите чевли со високи потпетици, а време е да научите и како да ја спречите болката за време на носењето.

Претесни чевли

Како што веќе спомнавме, едната опција е да ставите кеси со вода во чевлите и да ги замрзнете. Другата е разносување со чорапи потопени во омекнувач. Но, можете и да ги испрскате чевлите со вода и да ги носите низ дома додека да се исушат, или пак да ги обуете врз влажни термо-чорапи. Не заборавајте да ги негувате со специјални средства, за да ги заштитите од побелување или други дамки.

Претерано потење

Едно од решенијата е во лето да носите обувки кои се изработени од природни материјали. Држете се што подалеку од синтетиката, гумата и вештачката кожа. Ако носите чорапи, избирајте такви кои се изработени од што поголем процент памук. Пред да ги обуете вашите чевли, патики или мокасини, ставете малку бебешка пудра внатре, за да ја упива потта.

Повреди на кожата

Овој е еден од најболните проблеми што може да ви ги предизвикаат неудобните чевли. Доколку настане оштетување на кожата, тогаш извесно време не ги носете истите чевли. Кога ќе заздрави раната, ставете фластер и на местото каде била, но и на самиот чевел врз делот кој ја допира повредата. Можете да си купите и самолепливи силиконски подлоги наменети токму за заштита на стапалото од триење во рабовите од чевлите.

Болки во сводовите на стапалото

Високите потпетици го создаваат овој проблем бидејќи не пружаат доволна потпора на средишниот дел од стапалото. За жал, овој проблем не можете да го решите, но секако можете да си помогнете со испакната влошка во тој дел, која малку повеќе ќе ја балансира стабилноста на ногата.

Болки во меките делови од стапалото

Болката што се појавува во мекиот дел од стапалото со кој директно газиме кога носиме штикли нема да исчезне сè додека не ги собуете обувките. Но, може да помогнат силиконските перничиња кои се наменети токму за овој дел од стапалото. Поставете ги во чевелот и пробајте дали се добро наместени. Чувството треба да биде доста поудобно отколку кога ги носите без подлога.

Слични содржини