„Прашајте го тренерот“: Мбапе се налути на новинарско прашање

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Капитенот на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе изјави дека Шпанија заслужено се пласирале во финалето на Европското првенство, пренесуваат француските медиуми.

„Фуријата“ синоќа во полуфиналето ја совладаа Франција со резултат 2:1.

„Едноставно не направивме доволно за да стигнеме до финалето, не бевме подобри од Шпанија и заслужено загубивме. Или си добар за фудбал или не. Не бев добар. Сакав да бидам шампион на Европа и да играм добро, а не исполнив ништо од тоа. Мојот настап на ЕП беше катастрофа“, изјави Мбапе.

Тој ќе биде претставен како нов играч на Реал следната недела во Мадрид.

„Сега ќе одмарам и ќе се подготвувам за новата сезона. Одам добро да се одморам, тоа ми треба за да се подготвам за почеток на новиот живот. Ме чека многу“, изјави францускиот фудбалер.

Мбапе одговори и на прашањето дали на француската репрезентација и се потребни промени.

„Јас не сум селекторот, тоа е прашање за него. Не можам да кажам што треба да се промени. Моето е да бидам најдобрата верзија од себе за моите соиграчи. Тоа е прашање за тренерот“, изјави Мбапе.

Слични содржини