Прашања и одговори: Сè за карминот

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Кармините се еден од најчесто користените козметички производи на глобално ниво.

Дамите знаат дека малку боја на усните е способна да го промени севкупниот изглед и начин на кој изгледаме.

Интересен факт е дека топ 5 на најпребаруваните прашања во Google поврзани со кармин заслужуваат внимание и се особено интересни.

Ви претставуваме што прашуваат дамите од целиот свет и одговорите на секое едно од петте пребарувања.

1. Како се прави кармин?

Советот ни е да не го пробувате ова дома, бидејќи е поверојатно да направите голем неред. Најлесната формула е со пчелин восок, помешан со боја-пигмент кој се оформува и е ставен во самата амбалажа за кармин.

2. Како да нанесете кармин?

Тоа зависи од крајниот резултат кој го барате. Ако го користите во форма на балсам, нанесувајте директно со тоа што прво почнувате од горната усна и закривувањето под носот и продолжувате кон краевите на усните.Повторете на долната усна. Односно, користете тенка четка, ако се обложувате на течни формули.

3. Како се чисти кармин од тепих?

Едно од изненадувачки топ 5 прашањето за кармин е како се чисти од тепих. Очигледно дамите често се соочуваат со овој проблем главно со течни формули, кои се прилично тешки за отстранување, особено откако се налепат во влакната. Внимателно извадете го количеството од тепихот и потоа користете средство за вадење шминка. Во спротивно ризикувате да размачкате.

4. Од што е направен карминот?

Најчесто се од масла или восок, бидејќи тоа дава добра основа. Пигментите и боите се додадени за боја, заедно со останатите состојки, кои даваат одреден мирис или сјајни честички.

5. Како да го направам карминот мат?

Ако сте ја нашле совршената за вас боја, но е со бисерна или сјајна завршница, има опција да го направите мат.

За целта, нанесете го карминот на усните, размачкајте со марамче и посипете малку пудра.Повторете ги чекорите и ќе добиете мат финиш.