Прашањето за замената на „балансерот“ е отворено во рамките на коалицијата, велат од Владата

од Nikola Popovski
34 прегледи

Претседателот на Владата веќе имаше изјава во делот на Законот за правична застапеност, за кој ќе се разбора во рамки на коалицијата и ќе се отвори широка дебата за тоа што ќе биде опфатено во истиот. Ќе ги опфаќа и поголем круг на маргинализирани групи. Во моментов нема решение до Владата и за истото јавноста ќе биде информирана штом се создаде можност, изјави новата портпаролката на Владата, Марија Митева околу најавите за новиот Закон за правична застапеност.

Митева е децидна дека „балансерот“ ја заврши својата употребна вредност.

-Целиме кон затворање на прашања кои се покажале како непродуктивни.  Треба да се заземе прво став во рамките на коалицијата. Отворено е прашањето, рече портпаролката на Владата запрашана кога решението ќе се најде на владина седница.

Укинувањето на балансерот е прашање кое подолг период покренува дебати во јавноста. Без разлика што дел од политичките актери излегоа со коментари дека е симтоматично што отворањето на ова прашање од Уставен доаѓа на почетокот на мандатот на новата Влада и фрлаа сомнежи дека е политички инсинуирано, сите политичките партии се согласни дека балансерот веќе е надминат однос дал резултати во првите години, но подоцна почнал да се злоупотребува.

Слични содржини