Пратеничката група на СДСМ бара итна седница за поплавите

од desk3
156 прегледи

Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието достави барање за одржување итна седница со една точка на дневен ред: Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот Скопје.

сдсм
Пратеникот Петре Шилегов на прес-конференција рече дека тие предлагаат и конкретни заклучоци со мерки што треба ваднаш да бидат преземени за им се помогне на граѓаните.

– Собранието мора да расправа за оваа состојба и што е уште поважно пратениците мора да ги донесат предложените заклучоци за да се исполнат условите за задоволовување на минималните потреби на граѓаните кои се погодени од временските непогоди, рече Шилегов.

Ги повика сите пратенички групи и пратеници во Собранието да го поддржат нивното барање.
Запрашан за тоа како ја оценуваат состојбата на терен во поплавените подрачја Шилегов рече дека СДСМ бележи сериозен корпус на недостатоци од организациски аспект дури и во делење на хуманитарната помош, но свесно не се подигаат на политичко ниво затоа што сега е најнеопходно да се санираат последиците од невремето./МИА