Конечно донесен Деловникот за работа на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, по еднонеделните консултации меѓу пратеничките групи . Поддршка за Деловникот дадоа 12 членови на Комисијата, еден гласаше еден беше воздржан.
Претседателот на Анкетната Петре Шилегов ги замоли пратеничките групи и пратениците поединци членови до четврток до него да достават Предлог-програма за работа на Комисијата и листа на сведоци кои би биле повикани на сослушување од страна на Комисијата.
За Рилкоски спорен е легитимитетот на ДИК, Ибраими не сака да образложува, Срцев го нема…
“Успеавме да ги надминеме сите несогласувања и разлики. Следната седница е закажана за четврток во 11.30 часот. Спорното прашање со гласот на претседателот на Комисијата е решено со двојно гласање. Во случај да дојде до нерешено или поделено гласање на членовоте на Комисијата се закажува нова сесија на гласање со дополнителни консултации и усогласувања. Се става точката повторно на гласање, доколку не се успее да се постигне согласност резултатите од второто гласање ќе бидат резултати коишто ќе важат” изјави Шилегов.
Според членот на владејачкото мнозинство Антонио Милошоски, претставниците од владејачката партија ќе се залагаат да работат со што поширок консезус, за да не се повтори скандалот со прислушувањето.
Милошоски очекува до крајот на јануари да се изготви извештајот и според него, доколку има конструктивен пристап, нема да има потреба од продолжување на рокот за работа на оваа Комисија.
Седниците на Анкетната комисија ќе бидат пренесувани во живо на Собранискиот канал
