477
Претседателот на Собранието, Талат Џафери смета дека не е проблем за Собранието да работи и во август ако тогаш стигнат уставните измени, иако тој месец пратениците најчесто одат на годишен одмор.
-Собранието е подготвено да постапува по процедурите и роковите за уставните измени. Не е проблем дали ќе дојде во август, прашањето е кога ќе добиеме материјал и оттогаш почнуваат роковите, независно дали е јули или август. За Собранието нема никаква пречка ниту август, ниту септември, ниту еден период од денот, рече Џафери за амандманите за уставните измени кои се очекуваат да пристигнат во следниот период во македонскиот Парламент.
Пратениците ланската година одмораа речиси цел месец август и се вратија во собраниските клупи во септември.