Пратениците на Левица се приклучија кон интерпелацијата против Јовески

од Nikola Popovski
784 прегледи

Левица соопшти дека двајцата нивни пратеници, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, се приклучуваат како предлагачи на интерпелацијата за работата на јавниот обвинител, Љубомир Јовески, која претходно беше поднесена од група од седум опозициски пратеници.

Од партијата нагласуваат дека од поставувањето на чело на Јавното обвинителство на РМ, „Јовески смислено и сервилно се стави во улога на ангел-чувар на крупниот организиран криминал, додека кривичниот прогон е резервиран само за ситните престапници“.

-Ги повикуваме сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да ја поддржат оваа интерпелација и заедно да ставиме крај на патернализмот на јавниот обвинител Љубомир Јовески кон мафијата, потпомогната од олигарсите и корумпираните функционери на власта. Го повикуваме и собранискиот спикер Талат Џафери, што побргу да ја стави како точка на дневен ред оваа интерпелација, за да можеме – од собраниската говорница – аргументирано да продискутираме за сите негативни и штетни аспекти од неработењето, соопштуваат од Левица.

Претходно интерпелација за Јовески поднесоа група пратеници од партиите Алтернатива, Движење БЕСА и Демократско движење.

Слични содржини