Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа предлог-законот на СДСМ за помош на настраданите од Кочани

од Nikola Popovski
75 прегледи

СДСМ денеска информира дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ не гласале и не го поддржале нивниот предлог – на дневен ред да се стави Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани. Од 94 регистрирани пратеници, само 18 гласале „За“.

СДСМ предложи закон за финансиски надомест за семејствата кои изгубиле член, за повредените со различен степен на инвалидитет, како и поволности во образовниот систем за децата кои губат часови поради лекување. Во истиот предлог се опфатени и семејствата од трагедиите во Тетово, Ласкарци и Беса Транс. Ги повикаа сите пратенички групи да дадат поддршка и да го изгласаат ова законско решение, за да покажат единство дека за вакви трагедии не треба да постои политиканство.

Слични содржини