Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека нема потреба од смена на Гаши

од Nikola Popovski
212 прегледи

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна промена на функцијата претседател на Собранието и нов кадар на местото на актуелниот Африм Гаши. Пратениците истакнуваат дека за случајот на скопскиот аеродром, во кој беше вмешано и обезбедувањето на Гаши кој дал наредба да се упатат, сега има кривични пријави, а во минатото ваквите случаи биле ставани под тепих.

-Да потсетиме имаше времиња кога пајаци од градски паркинг удираа полициски работници и никој со прст не мрдаше и десеттици случаи од ваков тип на непостапување и безредие во Владата на ДУИ и СДС. Ние докажавме дека држава има и дека законите мора да важат за секого. Обидите на СДС, ДУИ и Левица да ќарат политички поени на оваа тема не не изненадуваат и очекуваме вакви и слични обиди за девијантно однесување од нивна страна и во иднина. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изнесе јасна порака дека никој не е над законот“, велат пратениците од редовите на владеачката партија.

Ваквиот став следува откако Левица поднесе иницијатива за интерпелација на претседателот на Собранието по седум основи. Според лидерот на Левица, Димитар Апасиев, последниот во низата инцидентот на скопскиот аеродром со обезбедувањето на претседателот на Собранието ја прелило чашата.

Опозициската СДСМ бара целосно расчистување на случајот и одговорност за извршителот. Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска бара премиерот да не го штити собранискиот спикер, како и дека ќе му дадат поддршка на Мицкоски ако одлучи да го разреши Гаши, по инцидентот на скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Вјоса Османи.

За коалициониот партнер ВРЕДИ нема прекршување на ингеренциите со тоа што „се пратила екипа којашто ќе ја смири ситуацијата“.

Кабинетот на косовската претседателка Османи, со став дека ситуацијата со инцидентот на скопскиот аеродром може лесно да се надмине ако постои политичка волја.

Слични содржини