Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ поднесоа интерпелација за разрешување на членовите на Судскиот совет

од Nikola Popovski
107 прегледи

Владеачкото мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ поднесе интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието. Ова денеска на прес-конференција го истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

-ЕУ и јавноста во земјава постојано укажуваат во недостатоци на работата на Судскиот совет. Овие забелешки се значајни за реформите. Решавањето на овие предизвици е неопходно. Судскиот совет кој што е клучна институација за правната држава и затоа секоја сенка во работата треба темелно да биде анализирана. Наша цел е дадеме придонес и да овозможиме подобар, поефикасен и независен правосуден систем. Сакаме да упатиме порака дека време е да се воведе ред во руинираниот судски систем. Македонија мора конечно да добие независен и ефикасен правосуден систем, кажа пратеникот од Собранието и побара поддршка од сите опизициски партии и пратеници во Парламентот.

Според Мицевски, нивото на кое што се наоѓа Судскиот совет и правосудниот систем е поради СДСМ и сегашната опозиција.

-Ја изгубивме довербата на граѓаните во судството. Ние како Собрание сме добиле доверба од граѓаните и оттаму го преточуваме нивниот глас и започнуваме постапка за интерпелација. Не би сакал да навлегувам понатаму, рече пратеникот, одговарајќи на новинарски прашања.

Вчера премиерот Христијан Мицкоски изрази надеж дека доколку парламентарците изгласаат недоверба или интерпелација на членовите на Судскиот совет, дека тие истите ќе бидат доблесни и ќе се повлечат, иако законски нивна смена е можна само во рамките на Судскиот совет.

Слични содржини