Пратеник на Алијанса за Албанците мисли дека е над законот: Неќел да чека ред на граница и викал на полицајците „никој ништо не ми може“

од Vladimir Zorba
492 прегледи

Абдула Салиу, пратеник од редовите на Алијанса за Албанците, вчера попладне вракајќи се од Косово не сакал да чека ред на граничниот премин „Долно Блаце“ па почнал да им вика на полицјаците.

На граница дошол со својот автомобил „фолкваген пасат“ и со своето семејство.

Тој се качил на тротоарот со својот Фолкваген Пасат, ги поминал возилата што чекале во редицата, ја одминал кабината на пограничната служба и се довезол до просторот каде што се врши царина, објави Фронтлајн претходно од свои извори.

Тој му се развикал на службеникот, велејќи му дека е пратеник во Собранието на РСМ и дека за него не важат стандардните процедури при премин на границата.

Според Алиу, тој никаде низ Европа не чекал на граница и ниту, пак, тука ќе чекал. Рекол и дека никој ништо не му може.

Случајот се најде и во полицискиот билтен:

„На 27.02.2021 во 18.25 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, А.С.(60) од Скопје, кој се претставил како пратеник во Собранието на РСМ и кој бил со неговото семејство со патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, на висок тон се обратил на полициските службеници со образложение дека никаде не чекал ред и дека ни тука нема да чека. По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе бидат изготвени поднесоци по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по Законот гранична контрола (избегнување гранична контрола) и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (престигнување колона)“.

Слични содржини