Пратеник на ГЕРБ: Романтизмот не доведе до тоа да не можеме да зборуваме на ист јазик со нашите браќа од С. Македонија

од Nikola Popovski

Пратеникот од бугарската опозициска партија ГЕРБ, Тома Биков во однос на францускиот предлог, изјави дека не очекува некој друг да го брани националниот интерес на Бугарија.

„Ниту Франција, ниту Германија. Очекувам бугарскиот национален интерес со инструментите што ни ги даде ЕУ отсега доследно да го бранат сите бугарски влади, без разлика за која коалиција и партија се“, рече тој.

Според него, „мораме да бидеме подготвени да ѝ помогнеме на Рс Македонија доколку сакаме да имаме влијание таму“.

„Не можеме само да очекуваме љубов од PCM. Треба да размислуваме на реален начин, а не на романтичен начин. Романтизмот беше тој што нè доведе до точка да не можеме денес да зборуваме на ист јазик со нашите браќа во РС Македониа, иако го зборуваме истиот јазик. Тоа мора да го смениме и ние и тие“, рече пратеникот на ГЕРБ.

„Бугарите во РСМ се тие што се за Европа. Кој е против Бугарија во РС Македонија, тој е против Европа. Не треба да си дозволиме антибугарските чувства во РСМ да ги претвориме во проевропски, бидејќи не се“, рече Биков.

Тој нагласи дека „од 1992 година Бугарија се обидува да ја извлече Македониа од орбитата на Југославија“.

„Тоа треба да го знаат сите антибугарски елементи кај нашиот западен сосед. Ќе продолжиме да го правиме тоа доследно додека РС Македонија не стане европска земја и не живееме без граници, како нашите предци“, додал Биков.

Слични содржини