Мировниот пратеник на папата за Украина, кардиналот Матео Зупи, во вторникот рече дека работи на „механизам“ што ќе обезбеди враќање на децата кои, според Киев, биле насилно однесени во Русија.
„Ќе видиме како можеме да го започнеме механизмот за деца и помош за кои зборувавме на хуманитарниот фронт, особено за децата на кои мора да им се обезбеди враќање во Украина“, рече Зупи на презентацијата на книга во Рим.
Тој рече дека лично разговарал за ова прашање со папата Франциск.
Италијанскиот кардинал минатата недела ја посети Москва, а претходно беше во Киев. Неговите напори беа „со цел да се идентификуваат хуманитарни иницијативи кои би можеле да го отворат патот за мир“, соопшти Ватикан.
Во неделата, Зупи за италијанската радио и телевизија РАИ појасни дека не работи на „мировен план“ или „посредување“ меѓу Украина и Русија, туку дека се фокусира на „хуманитарните аспекти“.