Пратеник од СДСМ нарекуван предавник, ги пријавил во полиција

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ, во полиција пријавил членови на Левица кои го нарекувале предавник.

Информацијата ја сподели членот на партијата на Димитар Апасиев од Велес, Игор Смилев.

„Ќе не пријавиш 5 , 7, 15 луѓе, цел огранок на Левица Велес, 74 отсто Македонци…..но, против историјата не можеш да поднесеш пријава, оти таа со ЗАДЕБЕЛЕНИ БУКВИ тебе и твоите 67 колеги ќе ви даде место во вечноста како предавници, се разбира ако Бугарските администратори дозволат да се учи оваа историска лекција“, пишува Смилев.

Вели дека нема да дозволи да бидат малтретирани „нивните чесни членови“, чиј единствен грев бил што „кренале силно глава и што јавно напишале дека е ПРЕДАВНИК“.

Слични содржини