Пратеник целосно гол на видео состанок на парламентот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Канадскиот политичар Вилијам Амос се појави целосно гол на состанокот на Долниот дом на канадскиот парламент, што се одржа преку Зум.

Иако состанокот беше затворен за јавноста, протече фотографија од пратеникот гол, а тој ги покрива „чувствителните“ делови со мобилен телефон во раката.

Фотографијата брзо стана хит на социјалните мрежи, а Амос наскоро се јави да објасни што се случило.

„Денес направив грешка и многу сум засрамен поради тоа. Мојата камера случајно остана вклучена додека се пресоблекував откако се вратив од трчање. Искрено им се извинувам на колегите. Тоа беше случајна грешка што нема да се случи повторно“, напиша тој на Твитер.

Слични содржини