Пратеникот Ибрахим со предлог-декларација по повод 70 годишнината од почетокот на масовното иселување на Турците

од Берта Китинска
288 прегледи

Денес, пратеникот на Партија за движење на Турците (ТХП) Енес Ибрахим до Собранието на Република Северна Македонија достави предлог-декларација по повод 70 годишнината од почетокот на масовното иселување на Турците и другото муслиманско население од Македонија во Турција.

Непосредно по Втората светска војна, поради погрешни политики на тогашните југословенски, односно македонски власти, голем број граѓани од НР Македонија заминуваат за Република Турција. Ова претставува еден од поголемите трагични настани на поновата историја на нашата земја, но и потресна траума за турската заедница во Република Северна Македонија.

Со усвојувањето на оваа декларација, Собранието на Република Северна Македонија ќе даде важен придонес за афирмација на вистината, но и потсетување на нанесените неправди со цел за зголемување на интеретничката доверба со која ќе се изградат поцврсти пријателски мостови и ќе се прошири соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Турција.

Слични содржини