Пратениците денес ќе расправаат: Ќе се оди ли во пензија на 64 години и 15 години стаж?

391 прегледи

На дневен ред на денешната собраниска седница, ќе се најдат измените и дополнувањата за Законот за работни односи, кои ќе донесат законска рамка за пензионирање на 64 години и 15 години стаж.

Овој предлог за задолжително пензионирање, беше поднесен од страна на пратениците на СДСМ пред два дена, но исклучоци од ваквите предложени правила не се исклучени. Во смисла на тоа, што истите ќе важат онаму каде има дефицит од кадар, поточно во оваа група би биле здравството и високото образование.

Вчера на оваа тема се огласи и Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, која вели дека направените анализи говорат за тоа дека до крајот на годинава оваа возрасна група би се состоела од 6000 лица. Но, таа вели дека не значи, согласно предложените законски измени, сите тие да заминат во пензија.

Таа рече дека со овие измени се предвидува прекинување на договорите за работа со 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку во друг закон не е поинаку регулирано.

Слични содржини