-

На денешната собраниска седница како триесетта точка е ставен предлогот за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Владата побара разрешување на Зврлевски поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно извршување на функцијата.
Пратениците во Собранието требаше веќе да расправаат за разрешувањето на Зврлевски, за кое даде согласност и Советот на јавни обвинители, но поради службениот пат на Џафери, беше презакажана за среда.
Претходно советот на јавни обвинители го прифати предлогот и даде позитивно мислење за разрешување на Зврлевски.
Инаку, и самиот јавен обвинител има право да присуствува на седницата и да ги каже своите арументи. Но, тој не беше достапен да каже дали ќе дојде на утрешната седница. Од ВМРО-ДПМНЕ не соопштуваат како ќе настапат утре, но велат дека се работи за политичко разрешување. Прелогот на владата за разрешување ќе го брани заменик министерот за правда, Оливер Ристовски.
102