Пратениците го изгласаа Законот за стечајци

од desk4
303 прегледи

На денешната собраниска седница власта и опозицијата со 61 глас „за“ го усвоија Законот за стечајци. Со Законот 1100 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок од 9.242 денари или 34% од просечната месечна нето плата исплатен по работник претходната година. Паричниот надоместок ке го добијат невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Според министерката за труд и социјална политија Јагода Шахпаска Предлог законот се носи бидејќи има стечајци на кои им недостасуваат по неколку месеци работен стаж .

-Затоа границата за остварување на паричниот надоместок ја спуштивме од 15 на 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државатам рече Шахпаска. Потребата од Законот за стечајци произлезе од средбите со граѓаните на кои помошта им е неопходна. Со најновата измена ваква помош ќе добијат 13.000 лица. Ова ја покажува нашата грижа за граѓаните, рече Шахпаска.

Овој материјален надоместок стечајните работници ќе го добиваат до нивното вработување или пензионирање преку Агенцијата за вработување. На денот на поднесување на барањето за паричната помош, жените треба да имаат, не помалку од 52 години, а мажите 55 години.