Пратениците и денес расправаа за Предлог-законот за попис: Седницата ќе продолжи утре на пладне

305 прегледи

Во Собранието, попладневно во рамки на 29. седница, расправаа за носењето по скратена постапка на Предлог-законот за попис на наслението, домаќинствата и становите во С.Македонија, а седницата е закажана да продолжи за утре на пладне.

Во рамки на расправата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се согласни дека треба попис и се за спроведување попис, но, како што велат, според европски регулативи. Според нив, процесот се води скандалозно, без ВМРО-ДПМНЕ, и нема да даде точни податоци и имаат сомнеж за резултатите од пописот. Прашаа дали ќе се попишуваат државјани на земјава или резиденти, што ќе се случи со двојните државјани, дали ќе се добијат реални податоци и дали тие понатаму ќе се класифицираат, што е целта со податоците што ќе се добијат… Со вака предложениот закон, според нив, му се даваат преголеми овластувања на едно лице, тоа е директорот на Државниот завод за статистика, кој ја пропишува методологијата за пописот.

Пратениците, пак, од владејачката СДСМ посочија дека со овој закон се прави попис, а не се спроведуваат избори и не се прави избирачки список. Прашаа зошто ВМРО-ДПМНЕ во минатото и сега бега од попишување на населението и домаќинствата. Нагласија дека мораме да имаме попис и мораме да знаеме со што располагаме, со кои човечки и други ресурси и во која насока да се креираат идните политики на државата. Според нив, една сложена статистичка операција пратениците од опозицијата на говорница ја претвораат во, како што велат, лакрдија и политичко надмудрување.

Слични содржини