Пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и министрите

од Берта Китинска
372 прегледи

За првпат во овој мандат, пратениците ќе имаат можност да им постават прашања на премиерот и министрите.

За денес во Собранието на Република Македонија од 11 часот е закажана седница за поставување на пратенички прашања.

Според Деловникот на Собранието, пратеникот има право на премиерот, на министрите и на други носители на јавни функции кои се одговорни пред Собранието да им постави 3 прашање што се однесува на нивната работа или на работи од нивната надлежност.

 

Слични содржини