Потпретседателката Арта Биљали-Зендели на денешната седница во Собранието на Комисијата за европски прашања побара претставникот на Владата да се произнесе за амандманите, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа процедурално обраќање. Откако таа не дозволи, тие почнаа да удираат по масите.
Пратениците од опозицијата започнаа да удираат по масите со раце и шишиња.
-Ова ни во Северна Кореја го нема срамота е ова што го правите, извинете се и кажете колеги ова не можам да го правам, кажа Мицевски кој побара расправа и седницата да тече процедурално, тој посочи дека вчера имале физички инцидент, а денеска имаат вербален инцидент.
Во салата нема никаков ред, а пратениците застанаа пред пултот на Биљали за да бараат процедурално обраќање.
Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ застана пред бирото на Биљали-Зендели, а по неа дојдоа и другите пратеници од опозицијата.
– Воопшто не ме исплашивте! Ако сакате дојдете сите овде, нека гледа народот! – рече Биљали-Зендели.