„Пратениците треба да бидат на ниво на својата задача“: Уставните измени се носат во Собранието

од Берта Китинска
224 прегледи

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешната изјава на евроамбасадорот Дејвид Гир дека доколку не се смени Уставот преговарачкиот процес ќе запре, премиерот Димитар Ковачевски рече дека уставните измени се носат во Собранието на државата, потсетувајќи дека при зачленувањето во ЕУ државава ќе треба да направи голем број на законски измени и уставни измени, дури и при влегувањето во Унијата со цел дел од наделжностите кои се во моментов исклучиво на Северна Македонија да се предадат во ЕУ бидејќи влегуваме во Сојуз со други 27 држави, колку што се во моментов.

– Затоа пратениците коишто ги претствуваат граѓаните треба да бидат на ниво на својата задача и сите одлуки кои треба да се носат во однос на зачленувањето во ЕУ вклучително и закони и Уставни измени да ги носат во интерес на граѓаните. Ќе повторам уште еднаш највата за референдум е исклучиво за внатрешно-политички прашања во ВМРО-ДПМНЕ и за ништо друго, рече Ковачевски.